Услуги

„Идеал Логистик“ е правен субјект со одобрена лиценца за управител број 08-02/3 од 28.01.2022год(продолжена), издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување и одржување на објекти. Нашиот тим, преку своите услуги и професионализам, има за цел да обезбеди постојана исправност, безбедност и употребливост на сите сегменти на Вашето секојдневно домување. Идеал Логистик Ви ги нуди следните услуги:

Управување и одржување на станбени згради

Наша примарна должност е проактивен и структуиран пристап во управувањето, поткрепен со сугестии за севкупно подобрување на вашето домување.

  • Финансиско менаџирање и детален преглед на состојбите на редовниот и резервниот фонд за секој станбен објект:
  • Редовно и навремено подмирување на редовните трошоци (фактури за струја, водовод, лифт, домар итн.)
  • Детална пресметка за редовните трошоци и соодветна распределба на истите помеѓу станарите.
  • Преземање соодветни мерки за станарите кои не ги подмируваат месечните пресметки кон зградата редовно.

Заради извршување на работите на управување, одржување и уредување на станбените згради, за секоја зграда поединечно се отвораат две посебни жиро-сметки:

  • сметка за редовен фонд (трошоци за тековно одржување)
  • сметка за резервен фонд (трошоци за инвестициско одржување)

Брза акција

За итни и редовни обврски, прво обезбедете непречен тек на плаќање.

Плати онлајн

Тековно одржување на станбени згради

1. Хигиена

2. Заедничко осветлување

Цената за оваа услуга се пресметува така што износот на месечната фактура за осветлување на станбената зграда се распределува пропорционално согласно бројот на сопственици на посебни делови.

3. Одржување лифтови(доколку има)

Во рамките на вршење управувачки услуги за редовно одржување и сервисирање лифтови, управителот склучува договор со трето лице кое е лиценцирано за вршење на дејноста. Договорот со трето лице се склучува по прибирање понуди од определен број понудувачи. Изборот на најповолна понуда го вршат управителот и претставникот на сопствениците на посебните делови, кого за таа цел го именува собирот на сопственици. Трошоците за поправки од овој тип паѓаат на товар на редовниот фонд.

4. Управувачки услуги

Во согласност со Законот за домување и практиката, Управителот ги врши следните работи кои задолжително се составен дел на Договорот за управувачки услуги:

Инвестициско одржување на станбени згради

Средствата за инвестициско одржување се распределуваат од резервниот фонд. Уплата во резервниот фонд се врши еднаш месечно во минимален износ од 50,00 ден. од стан. Согласно работниот план, желбите и потребите на сопствениците на посебните делови, месечните уплати во резервниот фонд може да бидат повисоки. Трошоците за инвестициско одржување ги одобрува претставникот на станбената зграда. Одржување и нужни поправки и подобрувања предвидени во планот за одржување:

Дополнителни услуги

Ангажман и посредување при сервисирање и поставување/замена на:

За дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме, контактирајте нè на телефонските броеви: 032/606-002 и 074/222-548; на електронската пошта: [email protected] или посетете нè во нашата канцеларија на ул. „Солидарност“ бр.78, Штип

Воедно за активностите на „Идеал Логистик“ може да се информирате и на нашата Facebook страница: ,,Идеал Логистик’’ како и на нашата Веб-страница: www.ideallogistik.mk