+389 32 606 002

ИМАТЕ ПРАШАЊЕ?

[email protected]

Понеделник - Сабота 08:00-15:00

Управител е правно или физичко лице лиценцирано од страна на Регулаторната комисија за домување, за што добива лиценца со времетраење од 5(пет) години со можност за продолжување.
За една станбена зграда да може да биде управувана од управител, сопствениците на посебни делови донесуваат Одлука за определување на управител. Ваква одлука може да се донесе само доколку зградата има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови во зградата.
Управителот на станбената зграда ги застапува сопствениците на посебни делови во работите што се однесуваат на управувањето со станбената зграда и води сметка за остварување на правата и обврските што произлегуваат од Договорот за управувачки услуги.

Управителот на станбената зграда има обврска да се грижи за реализација на одлуките донесени од собирот на сопственици, за тековно и инвестиционо одржување на зградата.
За таа цел, во согласност со Законот за домување и практиката, Управителот ги врши следните работи кои задолжително се составен дел на Договорот за управувачки услуги:

  • Ги извршува одлуките на сопствениците на посебни делови;
  • се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови
  • ги застапува сопствениците на псебни делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;
  • ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи при издавање на дозволи и согласности.
  • подготвува План за одржување на станбената зграда, како и план со динамика за спроведување на овој план и се грижи за негово спроведување;
  • подготвува пресметка на трошоците за управување на станбената зграда и ги распоредува трошоците меѓу сопствениците на посебни делови
  • ги прима уплатите на сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица;
  • ги информира сопствениците на посебни делови за својата работа и им доставува месечни и годишни пресметки;
  • изготвува годишен извештај за управување со објектот;
  • во согласност со одредбите од Законот, стопанисува со Резервниот фонд;

Оваа листа може да се дополни ако Управителот се договори со собирот на сопственици да врши и други работи кои ќе се предвидат со Договорот за вршење на управувачки услуги.